Белиот дворец на ВМРО-ДПМНЕ е под хипотека

by fokus

ВМРО-ДПМНЕ неколку дена пред изборите зела кредит од три милиони евра од Комерцијална банка и за таа цел го заложила под хипотека новото седиште, палатата „Христо Татарчев“, кое се наоѓа веднаш до скопското шеталиште, улица „Македонија“, објави Призма.

Како што пишува во Службен весник, партијата зела рамковен риволвинг кредит, што значи дека не морала да ги подигнe сите три милиони евра одеднаш.

Освен својот дел од објектот, ВМРО-ДПМНЕ во банката заложила и подвижен имот и опрема.

Поврзани новости