Бекири треба да плати 100 евра бидејќи и ја „нарушил“ претставата на Јелена Жугиќ во Театар Комедија

by fokus

На Љуми Бекири и Ирена Стерјовска денеска им стигнала пресуда според која ќе треба да платат 100 евра казна поради герила акцијата што во 2015 година ја направија за време на претставата „Лисистрата“ во Театар Комедија во која главната улога ја играше тогашната директорка Јелена Жугиќ. Пријавата е поднесена токму од Жугиќ.

-Прекршочната се однесува на пријавата на бившата директорка на Театар Комедија Јелена Жугиќ во врска со нашето присуство на кабаре претставата Лисиситрата. Во знак на противење на мешањето на политичките партии во театарот и во уметничката сцена генерално, група активисти одлучивме на мирен начин да го изразиме нашето незадоволство од таквото менаџирање на театарот од страна на директорката. Околу 50 активисти на претставата Лисистрата со уредно купени карти се појавивме во барокни костуми и со налепници Протестирам. Кога бившата директорка која што ја играше и главната улога го забележа тоа ја прекина претставата на половина и почна хистерично да се однесува кон публиката и да ја слика истата. За да ја намалиме тензијата мирно ја напуштивме претставата, која потоа си продолжила, како што наведоа од официјалната страна на Театар Комедија тогаш, вели Бекири за „Фокус“.

Според пресудата, Бекири го нарушил Јавниот ред и мир, со викање, карање и непристојно и дрско однесување на јавно место.

-Одговорно тврдам дека немало никакво гласно викање и нарушување на инвентарот на театарот, како што наведува бившата директорка во пријавата, а како доказ се повикувам на медиумите кои што беа присутни со нас додека се ова траеше и се беше снимено и пренесено на медиумите, така немало никакво нарушување на јавен ред и мир. Ние не сме одговорни за н еспосбноста на Јелена Жугиќ да се справи со тоа дека во публика може да ти дојдат различни луѓе, облечени во различни работи. Уште помалку не сме должни да одговараме за нејзината неспосбност да се справи со тоа што е уметност и дека уметноста не смее да слугува на политичарите, вели Бекири.

К.С.

Поврзани новости