Бејли: Изборите во САД нема да ја променат политиката кон Македонија

by fokus

Американскиот амбасадор Џес Бејли, во онлајн обраќањето на социјалната мрежа „Фејсбук”, вели дека политиката на САД кон Македонија е конзистентна и нема да се промени по претседателските избори.

 – Јас 31 година сум дипломат и под Републиканците и под Демократите, но можам да кажам дека интересот на САД нема да се промени и покрај изборите, кога се однесува на надворешната политика. Политиката кон Македонија веќе 20 години е конзистентна, а тоа е поддршка на патот кон евроинтеграциите и НАТО. Не очекувам голема промена кога се однесува за Македонија – рече Бејли.

Амбасадорот преку Фејсбук директно разговараше со македонските граѓани, кои му поставуваа прашања поврзани со изборот помеѓу Републиканецот Доналд Трамп и Демократката Хилари Клинтон.

Иако беше побарано од него да ги коментира надворешните политики на двајцата кандидати, Бејли потенцираше дека како федерален претставник не смее да дава поддршка на било кој од кандидатите.

Поврзани новости