Баклава за Рамазан Бајрам за политичарите

by fokus

Исламската верска заедница по трет пат ја организираше манифестацијата „Бајрамска баклава“ каде по повод празникот Рамазан Бајрам ги покани политичарите и дипломатите на баклава.

Поглаварот на ИВЗ, Сулејман Реџепи, испрати пораки за соживот,обединување, соживот и меѓусебно почитување во земјата.

На настанот присуствуваа премиерот Зоран Заев, претседателот на собранието Талат Џафери, претседателот на партијата „Беса“ Билал Касами, други министри, странски амбасадори и претставници на православната и католичката црква.

Телевизија Алсат јави дека баклавата не дошле да ја пробаат претседателот Ѓорѓе Иванов, лидерот на опозициската ВМРО – ДПМНЕ Никола Груевски, ниту лидерот на ДУИ Али Ахмети.

Поврзани новости