Автобус удрил во велосипедист, кој веднаш починал

by Fokus

Автобус вчера удрил во велосипедист на магистралниот пат Делчево-Штип, при што повредениот починал, информираа од МВР.

Според полицијата, вчера околу 16,00 часот на магистралниот пат Делчево-Штип, на надвозникот пред с.Облешево автобус со кочански регистерски таблици управуван од М.М.(60) од Кочани удрил во велосипед управуван од С.Т. (58) од с.Мојанци-кочанско. Велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди, и со возило на Итна медицинска помош бил транспортиран кон Клиничкиот центар во Штип, но на пат кон болница им подлегнал на повредите. Сообраќајот се одвивал наизменично по една коловозна лента.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Штип и се работи на целосно расчистување на случајот.

Поврзани новости