Автобус со Македонци се судрил со возило во Австрија, загинал возачот на автомобилот

by Fokus

Едно лице загинало, а повеќемина се повредени кога автобус во кој се превезувале 28 патници од Македонија синоќа околу 22 часот се судрил со автомобил во близина на Шлибрах, Австрија, јавува австрискиот медиум Orf.at

Според информациите на медиумите, во сообраќајната несреќа починал 25-годишниот Австриец возач на автомобилот со кој се судрил автобусот. Тој загинал на лице место.

Патниците во автобусот го продолжиле паувањето кон Македонија со друг автобус. Меѓу нив нема повредени.

Нема информации кои се причините за сообраќајната несреќа.

„Фокус“ го контактираше и македонското МНР, од каде се уште се чека потврда за сообраќајката.

Поврзани новости