Австралија објави податоци од пописот во 2016, 98.441 се изјасниле како Македонци

by fokus

Австралиското биро за статистика денеска ги објави првите податоци од пописот во 2016 година, според кој 98.441 лице се изјасниле дека имаат македонско потекло. Во 2011 овој број изнесувал 93.570.

На прашањето за јазикот што го зборуваат дома, на пописот во Австралија во 2016 година 66.019 лица одговориле дека дома го зборуваат македонскиот јазик. Според податоците од 2011 година 68.849 лица во Австралија одговориле дека го зборуваат македонскиот јазик дома.

Поврзани новости