На местото на Ќосето, Шилегов ќе засади дрво за човекови права

by Фокус

На местото каде што стоеше постамент со спомен обележје на Андон Јанев – Ќосето, кој Град Скопје го отстрани како дивоградба, ќе биде насадено дрво „за човекови права“ набавено од Нирнбер од видот „гинко“, под кое ќе биде изгравиран Членот 10 од Општата повелба за човекови права на Обединетите нации, информираше градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов.

Шилегов појасни дека споменикот бил отстранет во доцните часови за да не се кочи сообраќајот на улицата, поради трите големи возила што беа донесени за отстранувањето, како и, според него, да не се спречи работата на судовите што започнуваат со работа во утринските часови.

-Постаментот од минатата влада беше поставен „шверцерски“ во раните утрински часови, без никој да види, бидејќи знаеле дека е дивоградба – рече Шилегов.

Поврзани новости