АРМ потврди дека тројниот убиец од Злетово е професионален војник

by Фокус

Во врска со тројното убиство во Злетово, Министерството за одбрана и Генералштабот на АРМ, потврдуваат дека осомничениот за истото е професионален војник на АРМ.

„МО и ГШ на АРМ остро го осудуваат чинот на тројното убиство, заради што им даваат целосна поддршка и асистенција на органите на МВР, со цел за што побрзо расветлување на причините и околностите, поради кои се случи трагичниот настан во Злетово. Кај професионалниот војник од страна на лекар е утврдена добра здравствена и психофизичка состојба. Во досегашниот период, од претпоставените старешини и во системот на командување и контрола во АРМ, не е регистринано кршење на воената дисциплина, ниту непочитување на правилата и прописите од страна на осомничениот професионален војник“, се вели во соопштението до медиумите.

 

Поврзани новости