Архива „бомба“ на СДСМ: Како се избираа судиите од „тефтерчето на Горде“

by Fokus

Во една од таканаречените „бомби“ што пред две години ги објави лидерот на СДСМ, Зоран Заев можеше да се слуше телефонски разговор меѓу поранешната министерка Гордана Јанкулоска и екс шефот на тајната полиција Сашо Мијалков во која аудио-снимка се слуша како тогашната прва полицајка по бројчиња ги чита судиите запишани во нејзиното тефтерче.

Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Сашо Мијалков

СМ: Него да те прашам една работа. Ние кога биравме судии у 1-ца…
ГЈ: Аха
СМ: Имам овдека забележано 72-ка Лидија Петровска. Кој ја предложи неа?
ГЈ: Чекај да видам у тефтерчево…
СМ: Ај види
ГЈ: Сега не ми текнува по името…само да..тука ми е баш на маса, секунда, извини…За 1-ца беше?
СМ: Да, за 1-ца и таму ја избравме. Ја ја видов, мене ми фати око, беше добра. Многу ме интересира кој ми ја предложи.
ГЈ: Сега, сега, јас вртам дур збориме со тебе…
СМ: Да.
ГЈ: По списоциве…2-ка, 2-ка, Апелација…Марфиев закон…1-ца сигурно ми е на крај…еве стасав до 1-ца, само да видам…овде не ми се испозаокружени, а еве уште еден…Лидија Петровска, Сашка ја предложила, 72 број.
СМ: Аха. Сашка?
ГЈ: Еве. Да.
СМ: Добро.
ГЈ: И има и на рака напишано горе самото…нели она ни ги праќа материјалите…
СМ: Да, да, да.
ГЈ: Она има напишано на рака и плус, после тоа кога сме разговарале, значи сме ја штиклирале и уште еден плус и имам стаено, претпоставувам тоа врз основа на дискусијава што сме ја имале меѓу нас. Меѓутоа е од Сашка предложена, и горе на списокот, ти ти го имаш истиот, 72 на рака пишува Лидија Петровска.
СМ: 73 пишува. 72 пишува, а 73 пишува нешто друго.
ГЈ: 72 и 73 нешто друго, не можам да го разберам. А-на ра-до-…нешто
СМ: Ана Рајкова.
ГЈ: Е па ја не го дочитувам тоа Рајкова. Иначе ова е од Сашка.
СМ: Океј, добро.
ГЈ: Тоа е.

Поврзани новости