Архива „бомба“ на СДСМ: Како Гордана Јанкулоска го користеше МВР како штаб на ДПМНЕ, МВРО-ВМРО

by Fokus

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев пред повеќе од две години ги објави таканаречените „бомби“ во кои можеше да се слушне како се злоупотребувале државните институции за партиски цели за време на избори и дека не постои никаква одвоеност на партијата од државата, вели СДСМ.

Поранешната министерка Гордана Јанкулоска во разговор со генералниот секретар на владата Кирил Божиновски и со друг соговорник самата најдобро го илустрира тоа.

– На работа сме си сите ние, кај нас штаб имаме. Мислам, имаме два штаба, еден штаб кај мене на спрат, кој е месен комитет на ВМРО, кол-центар, све има кај нас, а другиот ни е доле у сала кај шо доаѓаат амбасадориве, ОБСЕ, овој-оној, и ја повремено таму улетувам, да видат амбасадориве дека све е океј, и после си се качувам кај мене на спрат и си работиме партиски работи. Така сме ние организирани. Ако сакаш дојди ни у контрола да видиш како работи кол-центарот – му вели Јанкуловска на Божиновски.

Поврзани новости