Рамковски: Згрешив што помогнав Груевски да дојде на власт во 2006 година

by Фокус

Главната моја грешка беше што премногу влегов во политиката, вели во интервју за Слободен печат сопственикот на згаснатата А1 телевизија Велија Рамковски, кој деновиве излезе од затвор.

– Јас сум бизнисмен. Политиката бара професионални политичари. Јас, како бизнисмен, налагав правила и принципи што важат во бизнисот. Математика. А политиката подразбира компромиси, разбирање, ретко математика. И мислам дека тука ми беше грешката што никогаш повеќе не би ја повторил. Политиката е за политичарите – вели Рамковски.

Тој додава дека друга грешка што ја направил е што влијаел Никола Груевски да дојде на власт во 2006 година и побара новата влада на Зоран Заев да добие време да ја внесе Македонија во Еу и НАТО.

-Владата на СДСМ на чело со Бучковски беше на прагот да ја внесе Македонија во ЕУ и во НАТО. Не велам дека со моето мешање во политиката ги решив изборите, но имав голем удел во тоа Груевски да дојде на власт, потоа единаесет години да ја оддалечува Македонија од ЕУ и од НАТО, да направи сè што направи. И којзнае, можеби јас си ја отплатив таа своја грешка со годините поминати во затвор. Можеби и тоа е некаква правда – вели Рамковски.

Поврзани новости