Апостолова: Оливер Андонов има сериозна дијагноза

by fokus

Билјана Апостолова, сопственичка на МИТ Универзитетот тврди дека полицајците при претресот во нејзиниот дом, цело време контактирале со Оливера Андонов, дополнителниот заменик министер за внатрешни работи, за кого вели дека има сериозна болничка дијагноза.

„Кога Оливер Андонов беше професор на МИТ донесе боледување со сериозна дијагноза со која не смее да биде ниту професор, ниту министер, обвини Апостолова во изјава за порталот А1 он.

„Со таа дијагноза не смее да биде професор, а дали таа дијагноза е добра за функцијата која ја има нека си определат институциите во министерството каде што е вработен. Науноски малтретираше колеги и студенти од понежниот пол. Една вработена си замина поради тоа, но јас не поверував, бидејќи досега се немаше тоа случено“, тврди Апостолова и додава дека на поранешниот премиер Никола Груевски му посочила дека Оливер Анодновски и Спиро Ристовски вршат „ужасна пресија да не се даде акредитација на МИТ“.

Таа во изјава за порталот А1 он тврди дека во пораки до поранешниот премиер Никола Груевски навела и за проблемот со Науноски, дека малтретира студентки и колешки.

„ Ако некој треба да одговара за она што се случува во МИТ и другите универзитети, треба да одговара Груевски“, вели Апостолова.

Поврзани новости