Апелацискиот суд денеска одлучува за притворите за Мунир Пепиќ и Душко Лазаров, за крвавиот четврток

by Fokus

Апелацискиот суд во Скопје на две јавни седници ќе расправа дали е оправдан продолжениот притвор за двајца осмничени од крвавиот четврток кои се во притвор – Мунир Пепиќ од Агенцијата за разузнавање и Душко Лазаров, началник во МВР за специјални операции, кој ноќта на 27 април во оперативниот штаб на МВР ја имал т.н. „бронзена команда“.

Апелациониот суд вчера одржа 3 јавни седници за притворите на осомничените Владо Јовановски, Горан Ѓошевски и Оливер Поповски.

Вчера, обвинителот Јован Цветановски од Вишото јавно обвинителство побара од  судскиот совет во Апелациски суд – Скопје да се преиначи одлуката на Кривичниот суд и на актерот Владо Јовановски, осомничени за тероризам и уставно загрозување за неговото учество во настаните од 27-ми април, да му се укине мерката притвор, а да му се одреди поблага мерка.

Поврзани новости