Апелација одлучи: Во притвор одат Горан Грујевски и Тони Јакимовски

by Fokus

Скопска Апелација денеска донесе одлука за притвор на Горан Грујевски, поранешен началник на Петта управа, Тони Јакимовски, екс шеф на кабинетот на Сашо Мијалков и Никола Бошковски, поранешен вработен во УБК.

– Апелациониот суд Скопје по одржаните седници на ден 17.7.2017 година донесе одлуки во предметите познати во јавноста како „ТАРГЕТ“ и „ТВРДИНА“, со кои за тројца обвинети ја уважи жалбата на Јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите Скопје, на начин што ги преиначи првостепените решенија и жалбите на Обвинителството ги уважи, а према обвинетите Г.Г., Н.Б и Т.Ј. заради обезбедување присуство на обвинетите во кривичната постапка, определи мерка притвор, додека за останатите обвинети се потврдија првостепените решенија, со тоа што жалбите на обвинетите, како и на Обвинителството, се одбиени како неосновани – се наведува во соопштението од Апелациониот суд.

Поврзани новости