Апелација денеска треба да одлучи за притворите за Груевски, Јанкулоска, Јанакиески, Протоѓер, Божиновски

by Fokus

Апелацискиот суд денеска треба да ги објави решенијата по жалбите за мерките за претпазливост изречени од Кривичниот суд за обвинетите во предметот „Титаник“ на СЈО за изборни нерегуларности.

Специјалното јавно обвинителство на јавните седници во петокот побара од Апелација притвор за обвинетите во случајот „Титаник“, меѓу кои поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, како и поранешните министри за транспорт и врски Миле Јанакиески и за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, поранешниот шеф на кабинет на премиерот Мартин Протоѓер и екс генералниот секретар на владата Кирил Божиновски.

Од Апелација потврдуваат дека денеска ќе има одлуки за притворите, но најверојатно утре ќе бидат објавени на сајт.

Поврзани новости