Апелација денеска ќе ги разгледува барањата за притвор на Груевски, Јанкулоска и Јанакиески

by fokus

Раководството на ВМРО-ДПМНЕ, односно лидерот Никола Груевски, Гордана Јанкулоска, Миле Јанакиески, Кирил Божиновски и Елизабета Канческа Милевска денеска ќе се појави во Апелација каде што судот ќе ги разгледува жалбите на СЈО со кои бара да им се одреди притвор.

Судиите на Апелациониот суд на седум последователни јавни седници ќе ги разгледуваат жалбите од СЈО но и жалбите на осомничените во случаите „Титаник“ за изборни измами и „Тендери“ за набавките во Музејот на ВМРО, со кои бараат да им се вратат пасошите.

Обвинителниот акт во случајот „Титаник“ опфаќа 20 лица, обвинети за злосторничко здружување, злоупотреба на средствата за изброната кампања, уништување изборен материјал, повреда на слободата на определување на избирачите, злоупотреба на службената положба и областување.

Во случајот „Тендери“, обвинета е екс-министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска и уште две други лица за кривино дело злоупотреба на службена положба и овластување.

В.В.

Поврзани новости