Апел до НАТО: Говорот на Иванов не е смешен, туку опасен

by fokus

Пишува: Рамадан РАМАДАНИ

Говорот на лицето што ја запоседнал институцијата претседател на земјата по проблематични избори за кои веќе се води има предистражна постапка во СЈО не е нималку смешен и не треба да се однесуваме занемарувачки кон таков говор, туку со сета презреност и опрезност поради опасноста на таква нелегитимност при запоседнување на позиција со толку овластувања.

  1. 1. Ние живееме во земја во која има случај на целосно конструиран случај од страна на безбедносни структури, како што е случајот со емигрантите во 2002 година наречен „Раштански лозја“. Од тогаш секакво спомнување на безбедносна закана, мигранти итн. тука треба да се разбере како можност за подготовка на секакви такви конструкции.
  1. 2. Единствениот осуденик за злосторства над човештвото во Меѓународниот суд во Хаг беше лице токму дел на структури под директна команда и одговорност на претседателот на државатa.
  1. 3. Лицето или лицата што се спомнуваат како вмешани во минатогодишните случувања во Гошинце и Куманово, исто така, се дел од агенција во команда на актуелниот претседател. Истиот случај сѐ уште нема судска завршница и ние не можеме да знаеме докрај што всушност се случувало и која е нивната улога во тој еднодневен ужас за жителите на Куманово и граѓаните на Македонија. Како што не знаеме ни колкав е уделот на токму ова лице кој и тогаш бил во институцијата претседател.
  2. Во говорот, без никакви аргументи се говори за специјална војна кон нашата земја, без притоа да бидат преземени некакви специјални мерки, што укажува дека вакви типови можат да поверуваат и да дејствуваат врз база на секакви неаргументирани конспирации и муабети.
  3. Поради неодговорноста на едно лице по еден толкав погрешен политички потег и одлука, како што беше колективната аболиција со која дополнително се продлабочи политичката криза во земјата и го разори меѓународниот углед на земјата.
  4. Дел од говорот беа безбедносни закани, војна и војска, што се сериозни зборови дури изговорени и од толкаво несериозно суштество.
  5. Во земјата имаме случај на консултирање со гатачка од страна на лице во одговорна позиција, што укажува дека истото може да е случај и во институцијата претседател.
  6. Секташкиот приод на човек кој е во институција која треба да е симбол и институција на единството на нацијата, при што се однесува како на туѓинци кон граѓани демонстранти, легална институција како СЈО и легитимни политички партии како ДУИ и СДСМ е сериозен и загрижувачки хендикеп.
  7. Имаме случај на незаконито и сѐ уште неразсјаснето кривично дело прибавување имиња и судски постапки во случајот на аболиција при кое дело веќе има човечка жртва, која била само сведок во една предистражна псотапка на СЈО: Коста Крпач.

Така поради сето ова и уште повеќе мислам дека е крајно време да се покрене широк граѓански апел до НАТО како политичка и воена организација во која граѓаните ќе ја покренат загриженоста за нивната безбедност, отсега, па натаму. Ценејќи ги константните и добронамерни заложби на НАТО за подобрување на политичкиот и демократскиот амбиент во Македонија, треба да се упати директен апел до таа организација и до целата јавност во земјата да се преземат мерки и одлуки, кои навремено и дополнително ќе го подобрат демократскиот амбиент, безбедноста на граѓаните, владеењето на правото и враќање на можноста за исполнување на критериумите поставени за зачленување во оваа организација на ова земја.

Апелот првенствено да се упатува до НАТО поради сериозноста на состојбата во која сме вметнати и која е веќе очигледна, посебно по сериозни изјави на луѓе од име на одговорни структури и институции за специјална војна и можност на употреба на војска и други безбедносни структури кон дел или кон сите граѓани на ова земја.

Апелот е до НАТО и поради фактот дека се исцрпени многу други инстанци и можности кои би биле употребени за заштита на граѓаните на оваа земја и поради фактот дека НАТО е структурата, која може ефикасно да ни ја гарантира таа безбедност и важи за инстанца во која во огромно мнозинство верувааат граѓаните на ова земја.

Сметаме и веруваме дека НАТО би ни помогнала и во ова фаза на нашиот пристапувачки статус, кога евентуално би се соочувале со надворешна закана и затоа сметаме дека е ред тоа да се направи и во случај на ваква внатрешна политичка и безбедносна нарушеност.

 

 

Поврзани новости