Апасиев: Го критикував национализмот на Груевски, го критикувам и национализмот на ДУИ

by fokus

Професорот по право, Димитар Апасиев во вечерашното гостување на Канал 5 рече дека Законот за јазиците е противуставен.

Според Апасиев, во Уставот се опфатени пет сфери за употреба на албанскиот јазик, во Законот од 2011 за кој рече дека исто така е противуставен, употребата била проширена за 20 сфери, а со најновиот Закон се проширува за уште 20.

-Јас го критикував национализмот на Груевски, имам потполно право да го критикувам и национализмот на ДУИ. Принципиелно го критикувам секој национализам. Во иднина ќе се појави некоја нова радикална партија и ќе рече ниту со овој Закон не е решено прашањето за албанскиот јазик, рече Апасиев.

Поврзани новости