Анкета на Телма и МЦМС: ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ изедначени

Само 0,8 проценти е разликата во рејтингот меѓу двете најголеми партии во земјава, се вели во најновата анкета која ја изработи агенцијата М-Проспект на барање на Телма и МЦМС.

На прашањето доколку утре се одржат парламентарни избори за кого е најверојатно дека ќе го дадете гласот 24,5 отсто од граѓаните одговориле дека ќе гласаат за ВМРО-ДПМНЕ, додека 23,7 отсто одговориле дека ќе гласаат за СДСМ. 8,5 проценти ќе гласаат за ДУИ, 3,7 % за БЕСА, 1,8 за Алијансата за Албанците и 0,9 отсто за ДПА. Повеќе од 30 % не кажуваат за кого ќе гласаат.

Анкетата е спроведена од 10-15 мај телефонски на репрезентативен примерок од 1000 испитаници.