Анкета Брима-Галуп: На Македонија и беше потребна промена на власта

by Fokus

Македонија и беше потребна промена на власта, сметаат 69 отсто од анкетираните граѓани на земјата. Ова е резултатот на последното истражување на агенцијата Брима Галуп. Само 24 отсто сметаат дека било добро и си минатата власт.

Резултатите од мартовскиот политички барометар (спроведен од 14 до 23 март 2017) покажуваат дека тогаш високо доминирала оценката дека земјата се движи во погрешна насока (76%) во однос на оценката дека земјата се движи во правилна насока (15%). Во јуни 42 отсто сметаат дека земјата се движи во правилна, но и високи 49 отсто дека оди во погрешна насока, вели анкетата.

Поврзани новости