Анима Мунди: По вестите за нови напади од кучиња, пронајдовме отров во Центар, Аеродром и Карпош

by Фокус

По завчерашниот инцидент и каснување на повеќе граѓани од напуштено расно куче кое сигурно имало сопственик, во медиумите се пласираа непроверени информации за повторни напади од куче-скитник, што придонесе да се создаде паника, страв и дезинформирање на севкупната јавност, реагираат од Анима Мунди, откако медиумите објавија информација од билтенот на МВР дека добиле пријава за напад на куче-скитник врз мајка и дете на Перо Наков.

„Станува збор за напади од истото куче, а не од куче скитник. Сите медиумски претставници да ги контактираат МВР за да се потврди нашето тврдење. Во специфични и изолирани случаи, како овој со кој се соочивме, да се изнесуваат само проверени податоци, да се дејствува совесно и трезвено затоа што во спротивно се создава целосно лажна слика и доведуваат граѓаните во опасност. Лажните податоци не носат добро никому туку создаваат хистерија, а граѓаните и животните ги изложуваат на многу поголема опасност, опасност од отрови кои во моментов масовно се злоупотребуваат и од кои и човечки жртви се само прашање на време“, велат од здружението.

Од таму истакнуваат оти во текот на денешниот ден, како резултат на веста за повторни напади од кучиња, отрови се поставени на високофрекфентни локации во Центар, Карпош и Аеродром, а се отстранети од одговорни граѓани и активисти, кои на овој начин, исто така, се изложени на опасност.

Поврзани новости