Анима Мунди: Ако власта казнува за мочање на животните во тревник, нека им изгради тоалети

by Фокус

-Шокирани сме со новиот Закон за зеленило кој е влезен во  Собранието,  во кој, меѓудругото се воведува глоба во износ од 50 евра во денарска противвредност за физичко лице, ако на зеленило за јавна употреба врши уринирање и дефекација на домашни миленици. Ова е скандалозна, безобразна, безобѕирна одредба која ја нема никаде во свет и преку која на удар, стигматизација и финансиски линч ќе бидат изложени сите сопственици на животни, реагира Анима Мунди.

-Каде да уринираат животните и дефецираат, ако не на трева и секако потоа да го соберат изметот? Дали државата ќе создаде веднаш тоалети за миленици и по тоа ќе стане прва во светот? Планира ли државата да го полни буџетот од хуманите граѓани, љубителите на животни?, прашуваат од организацијата за заштита на животни.

Ваквиот пристап, според Анима Мунди, е безобразен и срамен. Уште повеќе ако се има предвид фактот дека институциите никогаш ништо не сториле во однос на поставување на канти за измет за животни, ниту пак вршеле едукација – поточно, со исклучок од две општии каде тук таму постоела по некоја канта за одлагање на фецесот на животните, сите останати кои постојат ,а ги има во 12 општини во и надвор од Скопје, ги има направено и донирано нашето здружение Анима Мунди!

-Да не се збуни јавноста – ние сме први и единствени кои промовираме одговорно сопствеништво, собирање на изметот и негово одлагање, но казнување на граѓаните за уринирање на нивното куче е глупост, лудост, незнаење на ЕУ законодавството, класичен нон сенс, реагираат од Анима Мунди кои најавуваат протест за многу брзо. 

 

Поврзани новости