Анѓушев контра Тевдовски: Лично мислам дека прагот треба да биде повисок од 1000 евра

by fokus

Вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев, има различно мислење од официјалниот став на Министерството за финансии, за прагот на приходи кои ќе бидат опфатени со повисоката даночна стапка која би се применила со воведувањето на даночната реформа.

-Лично мислам дека прагот треба да биде повисок – одговори кусо Анѓушев откако министерот за финансии, Драган Тевдовски, изјави дека се планира даночна стапка од 18 отсто за оние кои имаат приходи над 1000 евра.

Анѓушев додаде дека тој праг треба да се изведе од претходни анализи и математички параметри.

-Имаме различни ставови со министерот и тоа е нормално за една Влада – посочи тој.

Тевдовски на тоа додаде дека има одлична соработка со вицепремиерот, кој, рече поради своето знаење и искуство е огромна додадена вредност во Владата.

-Најлошо е сите исто да мислиме – рече Тевдовски на денешната панел дебата „ Македонската економија помеѓу визија и дилема: Предизвици на економските политики“ во организација на Институтот Finance think.

М.В.

Поврзани новости