Ангелов: Наместо пратеник, твитерџија станав

by fokus

Стојанче Ангелов, од Достоинство по неуспехот на Коалицијата ВМРО за Македонија на деветите парламентарни избори вели „ Наместо пратеник, твитерџија станав“.

„Кампањата заврши, изборите исто така. Полека се враќаме на нормала. Иако нашата коалиција не освои ниту еден пратеник сепак освои 24.500 гласови и се наметна како трета политичка опција во Република Македонија. Во текот на следните неколку дена ќе ги соопштиме следните активности на нашата коалиција.
Уште еднаш, благодарност до сите граѓани кои излегоа да гласаат. Посебно голема благодарност до граѓаните кои го дадоа својот глас за коалицијата ВМРО за Македонија, напиша Ангелов на својот профил на Фејсбук.

Поврзани новости