Ангелов: Љубчо Георгиевски и без војна ќе им ги дадеше сите права на Албанците, мораме да се научиме да живееме со нив

by Fokus

Дали оваа војна и беше потребна на Македонија или не, праша генералот Стојанче Ангелов, кој денес положи цвеќе пред споменикот на паднатите борци во „Жена парк“.

– Тогашната влада на Љубчо Георгиевски и без војна ќе им ги дадеше сите права на Албаниците кои денес ги уживаат, а зад војната останаа стотина мртви од двете страни, разурната економија и еден куп непотребно потрошени пари.Ние Македонците мора да сфатиме дека Албанците се наша реалност и мора да научиме да живееме со нив. Ако после пет века ропство денес можеме да гледаме во Турците како на пријателски народ, зошто Македонците и Албанците да не живеат нормално – рече Ангелов.

Тој даде поддршка на Законот за јазиците, но е против тој да стои на полициските и медицинските униформи.

Поврзани новости