Аневски: Членовите на Советот станаа сончогледи и гласаа против Зврлевски

by fokus

Претседателот на Советот на јавни обвинители Петар Аневски за САКАМДАКАЖАМ.МК вели дека не е воопшто зачуден што мнозинството членови од Советот минатиот вторник одлучи да го остават сам и да гласаат сите до еден за предлогот на Владата за разрешување на државниот обвинител Марко Зврлевски.
„Сончогледи станаа сите. Се свртеа одеднаш од своите досегашни ставови и одлуки“, ни одговори кусо Аневски по телефон.

На прашање дали досега некој од членовите имал забелешка на работата на Зврлевски, дали можеби некој од нив отворил тема дека треба да биде разрешен и како одеднаш се случи да биде гласањето осум спрема еден (единствениот глас против е на Аневски), тој вели дека досега немало такви дискусии на дневен ред во Советот.

Поврзани новости