Анета и Палада заедно на турнеја во Америка: Прилепскиот градоначалник остана без стилист

by fokus

 

Популарната фолк пејачка Анета Мицевска од групата „Молика“ му го одведе стилистот на прилепскиот градоначалник во Америка, на концертна турнеја.

Алек Палада од Прилеп, кој што е познат како еден од најбараните стилисти од страна на естрадата, но и човек кој што со години наназад се грижи за изгледот на градоначалникот Марјан Ристески, деновиве заедно со Анета и нејзината група е на турнеја низ поголемите американски градови, и ја средува пејачката.

За време на Новогодишниот дочек таа настапила во МПЦ Тотова, Њуџерси, а ја чекаат уште дестици настапи за нашинците. Турнејата и завршува на крајот на месец јануари, кога со нејзината матична група „Молика“ од Битола се враќаат назад во Македонија.

Таа веќе објавила фотографии на официјалната страница на групата „Молика“ каде што ги известила своите фанови дека е пресреќна што еден голем професионалец како Палада дошол со неа дури во Њујорк, и се грижел за нејзината шминка и фризура пред настапите.

Освен за Анета, Алек се грижи и за изгледот на голем број на музички ѕвезди од земјава и регионот. На неговиот список со клинети се наоѓаат Адријана Кеш, Неда Украден, Лепа Брена, Сузана Гавазова, Емина Јаховиќ, а како единствен од политичарите е прилепскиот градоначалник Ристески.

Марјан не крие дека е презадоволен од соработката со Палада, и во неколку наврати ни има изјавено дека не само естрадните личности, туку и политичарите и сите кои што имаат јавна функција секогаш треба да се средени и да внимаваат на изгледот, да го следат протоколот, но и да внимаваат на физичката форма.

„Алек редовно ме советува околу мојата фризура, околу негата на косата, па освен што ме потстрижува, користи и разни маски и гелови кои што се добри за квалитетот на влакното. Освен тоа, јас секогаш сакам да бидам во одлична форма, па затоа и редовно спортува“ – ни изјави Ристески лани.

Вики Клинчарова

Поврзани новости