Андонов ги повика граѓаните на улица, за да не ги снашло она што и уапсените

by fokus

На денешниот протест на ВМРО-ДПМНЕ, Оливер Андонов ги повика на храброст и тие кои седеле дома и порача дека требало да се покаже човечка димензија.

-Затоа што тоа што денеска им го прават ним, ќе посакаат утре да ни го прават на секој од нас, без разлика на нашата национална или верска припадност. Ние сме граѓани на Македонија и ја сакаме Македонија, неизмерно ја сакаме, изјави Андонов.

Тој ги повика граѓаните и утре да излезат на протест против, како што рече, неправди кои ги прави актуелната власт.

Поврзани новости