Американска амбасада: Владините институции треба да соработуваат со СЈО

by fokus

Американската амбасада во земјава апелира да се почитуваат законите и сите да соработуваат со Специјалното обвинителство при неговите истраги. Како што велат од Амбасадата за НОВА, СЈО мора да има можност да спроведе длабока истрага за да се стави крај на политичката криза.

– Специјалното обвинителство мора да има можност да спроведе длабока, независна и истрага ослободена од препреки и одлагања и владините институции и политички партии треба да соработуваат во тие процеси. Според Договорот од Пржино, воспоставувањето одговорност за неовластеното прислушување и индициите за владини злоупотреби се клучен чекор за да се заврши политичката криза и да се врати земјата на патот за членство во ЕУ и НАТО, одговара Американската амбасада на прашањето на НОВА за опструкциите со кои се соочува СЈО.

Поврзани новости