Американска амбасада: Останува уште многу работа до избори

by Фокус

Политичките лидери на оваа земја имаат одговорност пред своите граѓани да ја вратат земјата назад на евроатлантскиот пат преку спроведување на нивните политички договори и на итните реформски приоритети, велат од американската амбасада.

– ЕУ и САД ги поддржуваат сите партии и другите учесници во процесот во нивната работа за создавање на услови за кредибилни избори. Ова подразбира прочистување на Избирачкиот список, спречување на било каква форма на заплашување или притисок врз гласачите, и обезбедување на фер медиумско покривање. Извесен прогрес е направен на овие полиња, но останува уште многу работа. Тоа е одговорност, не само на државните институции да подготват кредибилни избори, туку и на политичките партии. На 6 април се пропушти таква можност – велат од амбасадата.

 

Поврзани новости