Амбасадорот на ОБСЕ: Независното судство ги штити и граѓаните од прекумерната моќ на власта

by Фокус

Независното и непристрасно судство, кое е чувар на Уставот, е веројатно и еден од најважните аспекти во функционирањето на демократскиот систем, порача денеска шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Амбасадорот Ралф Брет по повод повод 50-тата годишнина од основањето на Уставниот суд во Скопје.

– Независното и непристрасно судство ги штити слабите од моќните, малцинството од мнозинството, сиромашните од богатите, а понекогаш и граѓаните од прекумерната моќ на власта – смета Брет.

Околу 80 уставни судии од вкупно 21 европска земја, претставници на Венецијанската комисија, Европскиот суд за човекови права, како и правници од земјава и странство ќе учествуваат на тридневната конференција поддржана од ОБСЕ по повод јубилејот.

Настанот е заеднички организиран од Уставниот суд, Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Програмата на Конрад Аденауер Штифтунг за владеење на правото во Југо-источна Европа.

ОБСЕ ја пренесе и изјавата на претседателката на Уставниот суд Елена Гошева по повод 50-годишнината.

– Од педесет годишната историја на практикување на уставната правда во земјава, со право можеме да заклучиме дека досегашното искуство е одлична основа за новите предизвици и современи потреби. Без разлика на сите промени и предизвици, нашата највисока цел, зајакнувањето и заштитата на уставниот поредок и уставните права на сите граѓани, останува да биде главен столб на современиот живот – вели Гоешва.

Поврзани новости