Амбасадорите го повикаа Груевски да се заложи за спроведување на Договорот од Пржино

by Фокус

-Го повикуваме премиерот Груевски да го овласти неговиот тим да го финализира договорот за нерешените прашања од Договорот од Пржино и да се спроведат неопходните реформи брзо, за да се обезбеди терен за кредибилни избори што ќе бидат признати и дома и на меѓународен план, како и за преземање одговорност за евентуалните незаконски дејствија, стои во повикот кои го испратија амбасадорите на Европската унија, на Германија, на Франција, на Италија и на Велика Британија до потписниците на Договорот од Пржино.

Амбасадорите посучуваат дека само со целосно спроведување на овој договор Македонија може да излезе од политичката криза. Тие освен на премиерот Груевски, се обратија и до неговата партија ВМРО-ДПМНЕ и побараа од неа „да ја покаже потребната посветеност и да го спроведе Договорот итно, со конструктивност и во добра волја“.

Амбасадорите во повикот ја повикаа СДСМ да продолжи како и досега да ги исполнува своите обврски што произлегуваат од политички Договор, вклучувајќи ја и таа да не објавува дополнителни прислушувани материјали.

-Неуспехот ќе има влијание на оценката од страна на Европската комисија. Владите, а особено нивните шефови, имаат посебна одговорност во време на политичка криза.Неуспехот ќе има влијание на оценката од страна на Европската комисија. Владите, а особено нивните шефови, имаат посебна одговорност во време на политичка криза. Ако реагираат веднаш и јасно покажат преку своите дела дека го исполнуваат својот дел, меѓународната заедница е подготвена да ги поддржи во тие напори, заклучуваат амбасадорите.

Поврзани новости