Алити: И во други ограноци на ДУИ можно е повторување на кумановското сценарио

by Фокус

Попретседателот на Собранието и член на врвот на ДУИ, Рафиз Алити, во изјава за Алсат М предупредува дека има можност за повторување на кумановското сценарио кога во партискиот огранок се случи убиство. Ситуацијата е алармантна во ограноците во Студеничани и Сарај, поради нивното заобиколувањето при последните именувања на функционери.

-Јас сум во постојан контакт со активисти на огранокот од Сарај, секако дека побрав средба со претседателот Ахмети, за да разговарам за оваа прашање. Што се однесува до мрачните сценарија кои се најавуваат, јас ќе кажам дека имало и има такви појави, но нема да дозволиме да дојде до тоа што се случи во Куманово, рече Рафиз Алити.

Тој го обвини вицепремиерот Муса Џафери за непочитување на партиски ограноци и посочи дека незадоволството во огранокот во Сарај е резултат на тоа.

-Има големо незадоволство во огранокот во Сарај и тоа не е од денеска туку од порано бидејќи вицепремиерот за имплементирање на Охридскиот договор, веќе долго време ги занемарува структурите на огранокот, го занемарува партиското тело, кое барем треба да се извести или да го даде  своето мислење, независно од тоа за кого станува збор, независно од тоа кој на која функција ќе биде поставен, рече Алити.

Поврзани новости