Алими, за кого СЈО бара притвор: Независноста на оваа институција е најдобар начин да се докаже вината или невиноста

by fokus

Ејуп Алими од ДУИ за кого СЈО бара определување мерка притвор, во писмена изјава за Алсат М соопшти дека ќе соработува со органите на правдата за да се докаже вистината во врска со покренатите обвиненија.

-Убеден дека ова обвинение за кое дознав од медиумите нема никаква основа, но мислам дека независноста на оваа институција е најдобар начин да се докаже вината или невиноста на секој човек. Останувам во служба на правдата. Во меѓувреме очекувам да се почитува пресумпцијата на невиност, додека тоа не се потврди во судска постапка.“ – гласи писмената изјава на Ејуп Алими од ДУИ.

Поврзани новости