Алијансата на Албанците ќе ги бојкотира евентуалните нови избори

by fokus

Aлијансата за Албанците ги повика партиите на Албанците да бојкотираат евентуални нови предвремени избори доколку ниту еден политички субјект не ја прифати Платформата со седумте барања и не се обезбеди парламентарно мнозинство, објави Телма.мк.

Ова доаѓа по вчерашното интервју на лидерот на ДУИ Али Ахмети за ТВ 21, кој кажа дека за нив отворени се пет опции, коалиција со ВМРО-ДПМНЕ или со СДСМ, техничка влада, партијата да биде во опозиција или пак нови избори.

Зијадин Села вели дека сега е времето кога треба да се решат сите прашања кои ги засегаат Албанците, во спротивно политичката криза ќе земе поголем замав.

Поврзани новости