Александар прозборе за соработката со Заева и Фетаи: Лесно е со нив, тие знаат што сакаат!

by fokus

Еден од нашите најпознати мејк ап артисти, Александар Билјановски – Дадар, годинава што измина ќе ја памети како една од најуспешните. Стилистот со над дваесет годишно искуство, омилен помеѓу понежниот пол, но и кај машката популација која се грижи за својот изглед, годинава го сврте вниманието со одличните стајлинзи на сопругата на премиерот Зоран Заев, Зорица, и на специјалната јавна обвинителка Фатиме Фетаи.

Вели дека соработката со нив поминала во опуштена и забавна атмосфера, бидејќи се прекрасни дами кои знаат што сакаат и кон кои природата била доста дарежлива.

-И Зорица и Фатиме се прекрасни и оригинални на свој начин. Природата била доста дарежлива со убавина кон нив, и работата со нив одеше лесно бидејќи точно знаат што сакаат. И двете ги спремав доста време, затоа што самиот процес на шминкање е истовремено и уживање, разговор, фотографирање… Таква е мојата работа. За Фатиме се одлучив за моќна шминка која одговара на нејзината внатрешна убавина, додека пак за Зорица, убава и јасна шминка, не многу нападна, иако и таа сака да експериментира со модата – раскажува Дадар за процедурата од која произлегоа фотографиите на двете жени, средени како топ модели, кои се најдоа во центарот на вниманието на јавноста.

Покрај Заева и Фетаи, тој годинава имал соработка и со хрватската поп ѕвезда Северина и ја средувал во неколку наврати, поп пејачката Каролина ја спремил за нејзината свадба, презентерката Татјана Стојановска, Билјана Дебарлиева и многу други.

Во ново отворениот салон, опремен со најсовремена опрема, со стручниот тим на соработници, тој вели дека им ги исполнил желбите и ги израдувал своите клиенти.

-Карактерот на дамите најчесто влијае на изборот на шминка. За Северина користам модерна и секси, за Каролина нежна и префинета, за Татјана класика со доза на вамп, за Билјана вамп шминка, но бидејќи е толку нежна, сепак изгледа нежно и убаво – вели Александар.

Тој додава дека е задоволен што македонската жена се повеќе стекнува навика да се грижи за себе на професионален начин, и што се поголем број на девојки и жени се почесто ги посетуваат неговите третмани за разубавување.

-Македонската жена се грижи за себе и својот изглед. Во Мое Студио Дадар се нудат комплетно сите услуги и третмани за разубавување. Годинава ќе ја започнеме со новитет, во јануари носиме нова машина која на некој начин ја замрзнува убавината, и не дозволува стареење на кожата. Очекувам и во 2018 да имам одлична соработка со многу познати дами, како од естрадата, така и од политичката сцена – изјави Дадар.

Вики Клинчарова

 

Поврзани новости