Александар Обрадовиќ нов директор на ЕЛЕМ?

by fokus

Александар Обрадовиќ ќе биде нов директор на државната енергетска компанија ЕЛЕМ, дознава Алсат М.

Одлуката сè уште не е официјализирана на владина седница. Од Владата ниту потврдуваат, ниту демантираат, само велат дека е рано да се донесе одлука кој ќе биде наследник на Христијан Мицкоски. МВР веќе донело одлука да му дозволи да добие македонско државјавство, па сега се чека само одлука на владата. Тој во периодот од 2012 до 2016 година бил директор на српското електростопанство „Електропривреда Србије“.

Тогашниот премиер Александар Вучиќ одлучува да го смени од раководната позиција во ЕПС по наводни афери кои го следат неговото работење во оваа компанија.

Поврзани новости