Албанците не им дозволуваа на Србите да стигнат до црква на Косово

by fokus

На Косово утрово дојде до судир меѓу полицијата и група од неколку стотини Албанци кои го блокираа патот по кој раселените Срби се упатија на литургија до местото Мушутиште кај Сува Река.

Специјалната полиција употреби пендреци и солзавец, при што се повредени неколку луѓе, како и полицијаци, а уапсени се дваесетина од оние кои го блокираа патот, а патот беше одблокиран.

Србите со три автобуси беа сопрени на три километри од разурнатата црква Богородица Одигитрија и чекаа дозвола за продолжување кон селото со оглед дека добија гаранции од полицијата за одржување на литургија.

 

Поврзани новости