Албанските партии денес ќе расправаат за формирање на влада

by Fokus

Алијансата на Албанците ги повика на средба албанските партии потписнички на платформата на која ќе се разговара за формирање на нова Влада. Денеска во 13 часот во хотелот „Арка“ ќе се одржи средба на албанските партии на која лидерите ќе го отворат ова прашање.

ДУИ го потврди присуството на Али Ахмети, а движењето БЕСА не кажа дали Билал Касами ќе присуствува на средбата. Инаку, Касами претходно нагласи дека нема намера да седне на иста маса со Ахмети.

Лидерот на Движењето за реформи на ДПА, Зијадин Села изјави дека предлозите на СДСМ за употребата на албанскиот јазик се неприфатливи и дека неговата партија ќе остане на ставот албанскиот јазик да биде целосно официјализиран.

Поврзани новости