Албанија најавува вето за влегувањето на Македонија во НАТО

by Фокус

И Албанија ќе и постави услов на Македонија за влез во Нато. Албанскиот премиер Еди Рама на регионалниот самит против тероризмот во Тирана рече дека тие ќе ја поддржат Македонија за влез во НАТО, но само доколку докрај го спроведе Охридскиот договор.

Рама се осврна на настанот во Куманово и потенцираше дека ризично е кога се мешаат поимите, а поимот „тероризам“ и поимот „Албанци“ во Македонија се сплотиле. Како што рече тој, тоа било неприфатливо во време кога Албанците биле важен државотворен фактор за земјата.

-Албанија ќе го поддржи влегувањето на Македонија во НАТО откако соседната земја целосно ќе го спроведе Охридскиот договор, изјави Рама.

По Грција, Албанија станува втората земја кој ќе го искористи правото на вето против Македонија за влез во НАТО.

Поврзани новости