Алаѓозовски: Тројцата членови на Комисии се откажаа од своите проекти

by fokus

Министерот за култура, Роберт Алаѓозовски во вечерашното интервју на телевизија Телма откри дека Сашо Кокаланов, Ивана Васева и Тони Васиќ се откажале од своите проекти кои добија финансии од Министерството за култура, по нападите кои беа упатени кон нив.

-Дел од јавноста спореше дали е морално што тие добиле финансиска поддршка, ние не мислиме така. Сепак, еве сакам да соопштам дека Сашо Кокаланов веќе се повлече, а останатие два автори се откажаа од своите проекти. Тие до мене најавија откажување и Комисијата ќе констатира дека тие проекти нема да се финансираат, рече Алаѓозовски.

Претходно од Министерството за култура реагираа дека нема конфликт на интереси, бидејќи членовите на комисиите не биле во позиција да одлучуваат за проектите во кои учествуваат, туку тие проекти биле оценувани од други комисии во сосем други дејности.

Поврзани новости