Актерот Тони Михајловски бара ослободување на Игор Југ

by Fokus

Актерот Тони Михајловски побара ослободување на уапсениот Игор Југ, кој вчера беше уапсен за упадот и насилството во Собранието за време на крвавиот четврток на 27 април годинава.

Тој на својот фејсбук профил постави фотографија од транспарент на кој пишува „Слобода за Игор Југ“.

Игор Југ вчера беше уапсен во Куманово, откако пред неколку месеци за него беше распишана потерница. Тој во Собранието, на крвавиот четврток беше еден од напаѓачите кој имаше и пиштол.

 

Поврзани новости