Актери од МНТ откажаа претстава пред полна сала во знак на протест за Јовановски

by fokus

Актерите кои се дел од претставата „Ничија земја“ вечерва за откажаа претставата во знак на протест за притворањето на нивниот колега Владо Јовановски.

Целиот актерски тим излезе пред присутните во МНТ и извинувајќи и се на публиката соопшти дека во знак на протест за притворот на нивниот колега, претставата нема да се одигра.

По ваквата одлука, публиката беше замолена да ја напушти салата.

Поврзани новости