Ако се состави кабинетот, Заев денеска ќе го достави предлогот за владата до Собрание

by fokus

Доколку денеска успее да се екипира владиниот кабинет, односно се поделат ресорите, тогаш се очекува мандатарот Зоран Заев вечерва да го достави предлогот за составот на новата Влада до Собранието.

Дел од медиумите пишуваат дека БЕСА денеска до 14 часот ќе објави дали ќе биде дел од новата влада или не.

Тие инсистираат на нивните барања, односно во идната влада да нема лица кои се осомничени и декларацијата на албанските партии да биде дел од владината програма.

Мадатарот не го прифаќа нивното барање за редефинирање на државата.

Поврзани новости