Ахмети: Во игра се четири опции

ДУИ е отворена за четири опции, изјави вчеравечер лидерот на партијата Али Ахмети во емисијата „Клик плус” на Тв21.

-Пред да почнат преговори со ВМРО-ДПМНЕ, треба да биде завршена анализата за тоа во каков правец ќе оди ДУИ и какви позиции ќе има: дали ДУИ ќе влезе во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, дали со СДСМ, дали ќе излезе со понуда за техничка, таканаречена проширена влада како што имавме до 11 декември 2016, или пак можеби ДУИ ќе донесе одлука да биде во опозиција. Сите овие опции се отворени- рече Ахмети.

На директно прашање дали ќе направи колалиција со ВМРО-ДПМНЕ, лидерот на ДУИ одговори дека тоа е прашање за кое треба добро да се размисли и да се анализира. Тој немаше одговор ни на прашањето дали е сигурен дека ДПМНЕ би ги исполнил барањата што се поставени во Платформата на Албанците.

Но, доколку во законскиот рок не добијат позитивен одговор од Груевски дека ја прифаќа Платформата , тогаш постои можност да се оди на нови избори, рече Ахмети.