Ахмети прво се консултираше со потпретседателите, па почна состанокот

by fokus

Иако закажана за пред два часа, дебатата во седиштето на ДУИ само што започна, пренесе Телевизија 24.

Како што велат од кабинетот на Али Ахмети, досега лидерот на партијата оддржувал внатрешни консултации, неофицијално со потпретседателите на партијата.  Мнозинството од потпретседателите на ДУИ се против коалиција со ВМРО ДПМНЕ.

Тројца од четворицата синоќа и беа делегирани од Али Ахмети на последни консултации во паралелните преговори со лидерот на СДСМ, Зоран Заев, за да ја чујат конечната понуда од Заев во однос на нивната платформа и на условите за кои ДУИ вели дека нема компромис.

Поврзани новости