Ахмети потврди дека снимките кои ги објавува Заев се автентични

Коалициониот партнер на Груевски и претседател на ДУИ, Али Ахмети, рече дека снимените телефонски разговори кои ги објавува опозицијата се автентични и оригинални. Тој ова ги изјави во емисијата „Opinion“, која се емитува на ТВ Клан.

Ахмети на прашањето на новинарот дали снимките се автентични одговори потврдно. Тој додаде дека што се однесува на функционерите од ДУИ кои се појавуваат на снимените материјали, секој ќе си одговара за тоа што го сторил.

Коалициониот партнер на Груевски претходно изјави дека не планира да излезе од Владата, бидејќи тоа можело да ја влоши целата политичка ситуација.