Ахмети одлучува дали ќе ги даде потписите за мандат на СДСМ

by fokus

Али Ахмети решава за потписите на ДУИ, пренесува Телевизија 24. На состанок со најтесното претседателство на партијата, потпретседателската тројка Меџити, Арифи и Бејта го информира лидерот на партијата Али Ахмети и неговите најблиски соработници за деталите од вчерашните разговори со преговарачите на СДСМ, но и какви гаранции добиле од лидерот на СДСМ Зоран Заев, за да му ги дадат потписите на нивните 10 пратеника за Заев да го добие мандатот, по што ќе почнат и суштински преговори за Влада.

Висок партиски функционер од ДУИ за Телевизија 24 не сакаше да открие кои се гаранциите, но вели дека вчерашните разговори се воделе на принципиелна основа. Порачува дека се уште се далеку од материјална и суштинска дебата околу нивните барања и етничките теми.

Поврзани новости