Ахмети: Нема влада без мандат од Иванов

by fokus

Иако претходно најави, лидерот на ДУИ, Али Ахмети, сепак, не би играл на планот „Б”, според кој, заедно со Зоран Заев можат да го свикаат Собранието, да изберат спикер, па да предложат владин состав без мандат од претседателот.

Ахмети по средбата со Заев рече дека треба да се постигне согласност од главните политички партии за Собранието да почне со работа, меѓу кои и ВМРО-ДПМНЕ. За состав на влада пак, Ахмети рече дека е непходен мандатот од Иванов.

-Најнеопходно е прашањето на конституирање на Собранието. Сите напори се во насока да се стави во функција Собранието и да се избират собраниските органи, да се направи официјално барање од Собранието, од претседателот на Собранието на Република Македонија до претседателот на државата, за да му даде мандат за формирање на новата влада. Не може да се зборува за конституирање на еден орган, без да се има мандат. Значи, во прв ред треба да му се даде мандатот на мандатарот и потоа да се водат преговори за ресорите. За нас е малку важно управувањето на ресорите, за нас е поважно да му се даде мандатот на новиот мандатар и потоа да се зборува за поделбата на ресорите– изјави Ахмети.

Претседателот Иванов пак, е дециден дека нема да го даде мандатот се дури не се отфрли албанската платформа.

Поврзани новости